Достапни линкови

logo-print

Средба Лавров - Зариф во Москва в понеделник


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Мухамед Џавад Зариф треба да се состанат во Москва на 17 август. Денеска Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека разговорите ќе се фокусираат на нуклеарната програма на Иран и на напорите за мир во Сирија. Односите меѓу Русија и Иран се затоплени во последниве години, двете земји споделуваат непријателство кон американската надворешна политика и даваат поддршка за сирискиот претседател Башар Асад во Сирија.

XS
SM
MD
LG