Достапни линкови

Канцеларија за Косово и Метохија реагира на изјавите на Тахири


Канцеларијата за Косово и Метохија денеска соопшти дека од секој јавен истап на главниот приштински преговарач во дијалогот со Белград, Едита Тахири произлегува желба да се оневозможи нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина, Србите и Албанците.

Реагирајќи на најавата на Тахири дека ќе побара од Белград до следниот месец да ги укине пробните таблици за граѓаните на Косово, од Канцеларијата порачуваат дека таа треба да се осверне на наоѓање решение за постоечките проблеми, а не на испраќање празни и заканувачки пораки.

Се наведува и дека дијалогот не е и не треба да биде продолжување на војната со други средства.

Тахири за приштинскиот весник „Зери“ изјави дека пробните таблици не се дел од постигнатиот договор во Брисел кој се однесува на полисите за осигурување, туку се содржани во Договорот за слобода на движење.

XS
SM
MD
LG