Достапни линкови

logo-print

Авганистан - упасени пет луѓе за видеото со претепувањето


Авганистанската полиција уапси пет луѓе вмешани во претепување на еден маж и неговата ќерка обвинети за грабеж од страна на селски врач. За настанот постои и видео снимка. Министерството за внатрешни работи соопшти дека лицата се уапсени во близина на северниот град Сар-е-Пул на 15 август. Нападот се случи на почетокот од овој месец, откако жител на селото Туги кој бил ограбен консултирал врач за да ги најде виновниците. Видеото на кое се гледа како човек удира млада жена со голем стап додека толпата гледа од стана многу популарно на интернет. Во мај исто така беше објавено видео на кое се прикажуваше претепувањето до смрт на млада девојка од страна на толпата во Кабул откако таа беше погрешно обвинет за горење на Куранот, предизвика глобален бес и ја истакна ранлива позиција на многу жени во Авганистан.

XS
SM
MD
LG