Достапни линкови

logo-print

Дезинсекција на поплавените подрачја


Министерството за здравство в четврток ќе спроведе авионска дезинсекција на подрачјата на девет центри за јавно здравје - Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес. Ќе бидат опфатени околу 6.000 хектари, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.

Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот. За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели на време да ги преземат потребните мерки за заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните три-четири часа од прскањето.

Ова е втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство поради појавата на поплави кои го зафатија подрачјето на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG