Достапни линкови

Украина - Откажана парадата на гордоста во Одеса


Активистите за човекови права во Украина ја откажаа за денеска планираната парада на гордоста која требаше да се одржи во пристанишниот град Одеса, откако локалниот суд го забрани настанот. Одлуката на судот е незаконска и го крши уставното право на собир, велат активистите.Наместо парада на гордоста тие ќе одржат јавна дискусија за историјата на движењето за правата на хомосексуалците во градот. Властите велат дека го забраниле настанот оти се загрижени дека тоа може да предизвика насилство.

Геј парада која се одржа во украинскиот главен град Киев во јуни, беше нарушена со тепачки и напади на активистите од страна на екстремно десничарските националисти.

XS
SM
MD
LG