Достапни линкови

Јапонија одбележува 70 години од крајот на Втората светска војна


Јапонија ја одбележа 70-годишнината од крајот на Втората светска војна. Јапонскиот император Акихито изрази „длабоко жалење“ за војната.
„Јас искрено се надевам дека разорувањата од војната никогаш нема да се повторат“, рече царот Акихито на комеморацијата на годишнината од денот кога неговиот татко, Хирохито, го објави јапонскиот пораз.

Вчера и јапонскиот премиер Шинзо Абе изрази „длабока тага“ за сите кои загинале во Втората светска војна. Тој рече дека Јапонија нанела „немерлива штета и страдање“ на невини луѓе во војната, ги спомена извинувањата во минатото, но тој не даде формално извинување. Наследството од војната се уште ја прогонува земјата во односите со Кина и Јужна Кореја, кои страдаа од јапонската брутална окупација и колонијална власт, пред поразот на Токио во 1945 година.

XS
SM
MD
LG