Достапни линкови

logo-print

САД нема ослободување на штрајкувачот со глад во Гвантанамо


Властите во САД нема да го ослободат затвореникот Тарик Ба Одах затворен во Гвантанамо Беј поради здравствени причини. Тој штрајкува со глас во затворот и тежи само 33,5 килограми. Досега тој е хранет со сила. Неговите адвокати велат дека тој треба да биде ослободен поради здравствени причини. Адвокати велат дека одлуката од страна на американското Министерство за правда, покажува дека претседателот Барак Обама не е сериозен во врска со затворањето на Гвантанамо пред да замине од функцијата во 2017 година. Случајот на затвореникот Ба Одах ја подели администрацијата во САД, додека Пентагот е против тоа, поради тоа што тој поттикнува штрајк со глад, Стејт департментот го поддржува неговото ослободување.

XS
SM
MD
LG