Достапни линкови

logo-print

Од јануари поминале 90.000 мигранти преку Србија


Од 1 јануари оваа година досега поминале 90.000 имигранти преку Србија, изјави на прес-конференција српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој додаде дека дневно на територијата на Србија влегуваат до 2.000 лица, од кои повеќето веднаш ја напуштаат земјата. Министерот рече дека оние кои остануваат, се задоволни од односот на властите кон нив и досега немало ниту еден инцидент меѓу имигрантите и локалното население. Стефановиќ предупреди дека примањето имигранти ја чини скапо земјата и владата ќе побара дополнителна помош од меѓународни организации за да може да го продолжи помагањето бегалци со храна и медицинска помош. Тој најави дека Србија планира да го прошири капацитетот за прием на бегалци, но истакна оти тоа не е решение на проблемот, туку треба да биде разработен широк план за дејствие на европско ниво.

XS
SM
MD
LG