Достапни линкови

Кери повика на вистинска демократија во историската посета на Куба


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека денешното повторно отворање на американската амбасада на САД во Хавана, ќе биде од корист и за САД и за Куба. Во првата посета на американски државен секретар од 1945 година, Кери изјави: „Остануваме убедени дека на народот од Куба најдобро ќе му се служи во вистинска демократија, каде луѓето се слободни да ги изберат нивните лидери, да ги изразат своите идеи“, рече тој во говорот пред церемонијата, каде американскот знаме беше подигнато во новоотворената американска амбасада по 54 години. Тој исто така додаде дека претходните политики на САД не довеле до демократија. По неговата посета, американски и кубански дипломати ќе почнат да работат на проширување на економските односи меѓу двете земји, влкучително и веведување на директни летови и пошенски услуги.

XS
SM
MD
LG