Достапни линкови

Турција гради ѕид на границата со Сирија


Турската армија започна со изградба на бетонски ѕид долж границата со Сирија по серијата напади, јави Анадолија. Ѕидот се гради во регионот на Реханли, во округот Хатај. Тој ќе биде со висина од три метри и должина од осум километри. Зад оградата војниците копаат ровови, пишува „Хјуриет дејли њуз“. Над 30 лица загинаа во бомбашки напад во јужниот турски град Суруч, на 20 јули, со што беше ставен крај на примирјето меѓу Атина и бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК). Турција за нападот ја обвини групата „Исламска држава“ и започна офанзива на два фронта, против џихадисти во Сирија и против борци на ПКК во Северен Ирак и Југоисточна Турција. Бунтовниците од ПКК одговорија на прекинот на примирјето со крвава кампања против силите за безбедност на Турција.

XS
SM
MD
LG