Достапни линкови

Кери пристигна на историската посета на Куба


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигна во Хавана за да го подигне американското знаме, на историската церемноија на новото отворање на американската амбасада, 54 години откако е затворена. Кери ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Куба, со римокатоличкиот надбискуп во земјата и со група дисиденти. Тој ќе биде придружуван од неговите помошници, членови на Конгресот и тојца америкнаски маринци кои во јануари 1961 година го симнале знамето. По неговата посета, американски и кубански дипломати ќе почнат да работат на проширување на економските односи меѓу двете земји, влкучително и веведување на директни летови и пошенски услуги. Еднодневата посета е прва од страна на американски државен секретар од 1945 година. Вашнгтон ги прекина дипломатските односи со Куба во 1959 година веднаш по кубанската Револуција.

XS
SM
MD
LG