Достапни линкови

Русија: САД да се откаже од ракетниот штит во Европа

Romania -- A military policeman looks through binoculars before the official groundbreaking ceremony of the site for the US Aegis Ashore missile defense facility, located in a former airbase Deveselu, October 28, 2013

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека САД треба да се откаже од плановите за ракетниот одбранбен штит во Европа, откако Иран постигна договор со светските сили да ја лимитира својата нуклеарна програма. „Не гледаме причинан за продолжување на програмата“, рече тој. Русија долго се спротивставува на планот и го гледа како закана. Вашингтон претходно ја уверуваше Москва дека штитот е наменет за заштита од непријателски земји како Иран, а не директно против Русија. Москва ја засили реториката против ракетниот штит, откако во јули Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за олеснување на меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG