Достапни линкови

logo-print

Абе без формално извинување за жртвите во Втората светска војна


Јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изрази „длабока тага“ за сите кои загинале во Втората светска војна во изјавата по повод одбележувањето на 70-годишнината од капитулацијата на земјата. Абе во денешното излагање кое беше емитувано на националната телевизија, призна дека Јапонија нанела „немерлива штета и страдање“ на невини луѓе во војната. Абе ги спомена извинувањата во минатото, но тој не даде формално извинување. Тој ја истакна желбата на Јапонија да оди напред, замајќи ги во предвид „лекциите од историјата длабоко во нашите срца.“ Наследството од војната се уште ја прогонува земјата во односите со Кина и Јужна Кореја, кои страдаа од јапонската брутална окупација и колонијална власт, пред поразот на Токио во 1945 година.

XS
SM
MD
LG