Достапни линкови

Русија негира дека иранскиот генерал ја посетил Москва


Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Ријабков.

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Ријабков.

Висок руски претставник негира дека иранскиот генерал ја посетил Москва прекршувајќи ја забраната за патување на Обединетите Нации. Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека Генерал Касим Солеимани – командант за странски операции за Иранската револуционерна гарда, минатата недела не ја посетил Русија. „Немам информации дека тој ја посетил Русија“, рече денеска Ријабков додавајќи дека тоа му го соопштиле на Вашингтон и оти биле изненадени за изразената загриженост од страна на САД. Меѓутоа извештаите на САД за загриженоста беа минатиот месец, а не минатата недела како што Ријабков изјави при неговото негирање. Солеимани е еден од неколкуте ирански претставници кои имаат забрана за патување од страна на ОН, поради неговата вклученост во иранската нуклеарна програма за балистички ракети.

XS
SM
MD
LG