Достапни линкови

logo-print

Доколку Грција не ги спроведе реформите помошта ќе биде стопирана


Доколку Грција не успее да ги спроведе мерките за кои постигна спогодба со Европската унија, во замена за третата финансиска програма за спас, помошта брзо ќе биде стопирана, изјави денеска лидерот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, пред денешниот состанок во Брисел. „Еврогрупата ќе направи оценка на извршените реформи во Грција во септември или октомври. Доколку не бидат исполнети ветувањата, програмата за помош може брзо да биде прекината, истакна тој. Дејселблум повторно изрази увереност дека Грција ќе ги исполни своите обврски.

XS
SM
MD
LG