Достапни линкови

logo-print

Сирискиот опозициски лидер: Русија не го одржува Асад на власт


Лидерот на опозицијата во Сирија, Калид Коџа.

Лидерот на опозицијата во Сирија, Калид Коџа.

Лидерот на групата на главната сириска опозиција изјави дека Русија не е обврзана да го одржува на власт сирискиот претседател Башар ал-Асад. Претседателот на сириската Национална коалиција, Калид Коџа, по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, рече дека „руското лидерство не се држи до Асад“, но е фокуирано на зачувување на територијалниот интегритет на земјата и на спречување на нејзин колапс. Во коментарите се вели дека не е јасно дали изјавата на Коџа сигнализира промена на ставот на Русија или само го рефлектира обидот на Москва да добие поддршка да помогне во посредување во сирискиот конфликт. Москва беше клучен поддржувач на Асад низ конфликтот кој трае повеќе од четири години.

XS
SM
MD
LG