Достапни линкови

Пакистан ја обнови понудата за разговори со Индија


Претседателот на Пакистан ја обнови својата понуда до нивниот сосед и ривал Индија, да одржат билатерални разговори за решавање на прашањето за спорниот регион Кашмир. Манун Хусаин, денеска во телевизиски говор по повод Денот на назависноста на земјата, рече дека Пакистан верува во „мирна коегзистенција“, иако таа нема да биде одржана ако одбраната и бозбедноста на земјата бидат под закана. Пакистан и Индија имаат историја на мачни односи. Две од три војни меѓу земјите беа за Кашмир, по стекнувањето на независноста од Британија во 1974 година. Кашмир е денес поделен регион од страна на двете земји. Пакистански безбедносни претставници соопштија дека вчера имало истрели од индискиот дел на Кашмир кон пакистанските трупи. Индија го обвини Пакистан за иницирање на огнот.

XS
SM
MD
LG