Достапни линкови

Турција нема самостојно да врши напади врз ИД


Турските власти се согласија со предлогот на САД да не извршуваат самостојни воздушни напади врз позиции на борците од групацијата Исламска држава во Сирија надвор од рамките на операцијата на меѓународната антитерористичка коалиција, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби. „Ги замоливме турските власти да не извршуваат самостојни воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија, додека Турција целосно не се интегрира во меѓународната антитерористичка коалиција, за да биде обезбедена безбедноста на извршуваните воздушни операции за коалицијата во мошне оптоварениот воздушен простор. Турците се согласија, додаде Кирби. Според него Вашингтон и Анкара продолжуваат да работат за ликвидирање на заканите, кои произлегуваат од ИД во Сирија во близина на границата со Турција.

XS
SM
MD
LG