Достапни линкови

Грчкиот парламент го одбри спасувачкиот пакет


Грчкиот премиер Алексис Ципрас успеа да добие поддршка во парламентот за спасувачкиот пакет од 85 милијарди евра, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за земјата. Во обраќањето пред денешното гласање во парламентот Ципрас изјави дека министерот за финансии Еуклид Цакалотос се соочува со битка на состанокот со министрите за финансии на еврозоната во текот на денов за да ја отстрани заканата од привремен заем што и е понуден на Грција во замена за новиот спасувачки пакет. „Привремениот заем е враќање на земјата во бескрајна криза“, рече премиерот Ципрас. Од владата е најавено дека Ципрас ќе побара гласање за доверба на неговиот кабинет по 20 август.

XS
SM
MD
LG