Достапни линкови

logo-print

Милитантите на ИД продираат и во Авганистан


Милитантната група Исламска држава почнала да навлегува и во Авганистан и би можело да прерасне во загрижувачка опасност. Ова го изјави американскиот бригаден генерал Вилсон Шофнер на брифингот што од Кабул го држел за новинарите во Пентагон. Според него, милитантите на Исламската држава се уште не биле способни да ги координираат воените операции во Авганистан за да можат да освојуваат големи територии како што тоа го сторија во Сирија и Иран. Генерал Шофнер додаде дека милитантите на ИД се судриле со талибанците во Авганистан.

XS
SM
MD
LG