Достапни линкови

САД истражуваат дали милитантите на ИД употребиле иперит


I

I

Соединетите држави вршат истрага дали милитантите на Исламската држава користеле иперит во напад врз курдските сили во Ирак. Тоа е прва индикација дека оваа милитантна група можеби дошла до забрането хемиско оружје, најверојатно во Сирија. Весникот Вол стрит џурнал вчера, цитирајќи неименуван американски претставник, објави дека постоеле доверливи информации дека станува збор за иперит. Претходно курдски официјални претставници соопштија дека пешмерга силите на 12 август биле нападнати во Ирбил и оти 60 борци имале проблеми со дишењето.

XS
SM
MD
LG