Достапни линкови

ММФ: нема кредит за Грција без ЕУ да и го олесни долгот


Меѓународниот монетарен фонд изврши притисок врз Европа да излезе со план за извесно отпишување на долгот на Грција, наведувајќи дека само на таков начин ќе дозволи нови заеми за Атина. Во ММФ веруваат дека Грција никогаш не ќе може целосно да го исплати долгот кој набрзо ќе биде два пати поголем од економијата на таа земја. Меѓутоа, Германија и другите членки на Европската унија одбиваат да и ги отпишат долговите на Грција, објаснувајќи дека во повелбата на Унијата не е предвиден таков потег. Предупредувањето од ММФ дојде во момент кога грчките пратеници треба да гласаат за новиот спасувачки пакет од 85 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG