Достапни линкови

Унгарија планира кампања против миграцијата


Унгарската Влада планира да ја прошири својата антиимиграциска кампања кон земји како Грција, Македонија и Србија, низ кои транзитно поминале над 120.000 имигранти, што годинава влегле во Унгарија. Министерот Јанош Лазар денеска изјави дека владата сака да ги убеди имигрантите дека не вреди доаѓањето во Унгарија, бидејќи земјата гради ограда долж границата со Србија, како и дека вовела построги правила за миграција од 1 август. Поголем дел од мигрантите што влегуваат во Унгарија, како крајна цел ги имаат побогатите држави во ЕУ, како Германија или Шведска.

XS
SM
MD
LG