Достапни линкови

Најмалку 50 загинати во експлозиите во Кина


Серијата огромни експлозии во североисточниот кинески пристанишен град Тијанџин денеска убија најмалку 50 луѓе и стотици се повредени, а многумина од нив се во критична состојба. Најмалку 12 пожарникари се меѓу загинатите. Новинската агенција Ксинхуа соопшти дека масивните експлозии почнале откако избувнал пожар во стоварише за експлозивни материјали во 11 и 30 часот по локално време. Кинескиот дневен весник Кина Дејли пишува дека магацинот каде се случила експлозијата припаѓа на приватна компанија и нејзиниот менаџер бил уапсен од полицијата. Кинескиот центар за земјотреси соопшти дека најголемата експлозија била еднаква на детонирање на 21 илјади килограми ТНТ.

XS
SM
MD
LG