Достапни линкови

Смртна казна за учесниците во најсмртоносниот напад во Пакистан


Пакистанската армија денеска објави дека им е досудена смртна казна на шест милитанти, кои во декември минатата година биле вклучени во најсмртоносниот напад во земјата, кој се случи во школото во Пешавар. Луѓето беа обвинети од воените судови воспоставени веднаш по нападот на 16 декември минатата година кога загинаа 151 луѓе, многу од нив деца ученици. На седмиот осуден човек му е изречена доживотна казна затвор. Во денешното соопштение на веб страницата на војската, се вели дека „на осудените им било овозможено фер судење“ и дека имаат право на жалба. Судењето се одржа зад затворени врати и не беа откриени детали за локацијата или за датумот на постапката. Во соопштението исто така се наведени имињата на обвинетите и нивната улога во нападите.

XS
SM
MD
LG