Достапни линкови

logo-print

Две групи го киднапирале Хрватот Томислав Салопек


Хрватсата министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека две одделни групи биле инволвирани во киднапирањето на Томислав Салопек во Египет. Говорејќи денеска во градот Риека, Пусиќ рече дека групата што го киднапирала Салопек барала пари од компанијата за нафтена геологија за која тој работел. Контактот бил прекинат и потоа на 5 август се појави видео на кое се прикажува Салопек како заложник на филијалата на групата на Исламската држава во Египет. Во видеото емитувано денеска, милитантите на Исламската држава велат дека нивната филијала во Египет го убила Салопек, еден ден откако фотографија од обезглавен труп наводно на Салопек, се циркулираше на интернет. Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ вчера изјави дека не може со 100 проценти сигурност да ја потврди неговата смрт, но дека тоа што се гледа не изгледа добро.

XS
SM
MD
LG