Достапни линкови

За Макпетрол пријавата на МВР е тенденциозна


Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против претседателот на Управенот одбор во Макетрол А.Ј. (63) и против други 20 лица, во врска со незаконско прелевање капитал од Aкционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко. Десетте членови на Управниот одбор, осумте членови на надзорниот, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Од МВР соопштуваат дека според доказите А.Ј.(63) кој е првоосомничен и кој се јавувал и во својство на комплементар управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје, заедно со второосомничениот С.Л.(60), како член на Управен одбор и комплементар и управител во ОИЛКО и со останатите осомничени, се товарат бидејќи во својство на службени лица заради стекнување со противправна имотна корист ја искористиле службената положба и овластување и нанеле штета на акционерите на Макпетрол АД Скопје во износ од 375.180.000 денари. Притоа тие им овозможиле на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол АД во износ од 19.95 отсто, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари.

Од Макпетрол регираат дека се работи за чист случај во кој што не е оштетен ниту еден акционер. „Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот. Претпоставка е дека актуелната кривична пријава на МВР е тенденциозна и дека е поднесена заради загубен судски спор во кој се утврди незаконско оданочување на водечките луѓе од Макепетрол. Со последната судска пресуда УЈП е должна да ги врати парите за незаконско оданочување“, сметаат од Макпетрол.

XS
SM
MD
LG