Достапни линкови

logo-print

Судот во Баку одреди казна затвор за Лејла и Ариф Јунус


Судот во Баку ја осуди азербејџанската активистка за човекови права Лејла Јунус на 8 и пол години затвор, а нејзиниот сопруг кој е сериозно болен е осуден на сеум години затвор. Обвинителите побараа 11 години казна затвор за Лејла Јунус, која беше обвинета за економски криминал, вклучително измама, даночно затајување и нелегални бизнис активности и девет години казна затвор за Ариф Јунус, кој беше обвинет за измама. Во текот на целодневната постапка, Ариф Јунус рече „Ги повикувам егзекуторите да прават што сакаат.“ Тој потоа колабирал поради здравствените проблеми. За време на судењето на двојката кое започна на 27 јули, Ариф мораше да добива медицинска помош.

XS
SM
MD
LG