Достапни линкови

Албанија и Црна Гора на руската листа за забрана за увоз на храна


Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска соопшти дека чeтири земји се додадени на листата за забрана за увоз на храна од странство. Тој исто така се закани дека украинските продукти би можеле да се најдат на руската црна листа, ако Киев ги имплементира економските делови од Спогодбата за асоцијација со Европската унија. Медведев ги именуваше земјите: Албанија, Црна Гора, Исланд и Лихтенштајн. Тој посочи дека Украина ќе биде додадена на листата на почетокот на 2016 година, освен ако Киев постигне договор со Москва со што би се заобиколиле економските регулативи во тргувањето на Украина со Европската унија. Забраната веќе направи увозот на храна во Русија да биде нелегален од САД, Канада, Австралија и ЕУ.

XS
SM
MD
LG