Достапни линкови

Милитантите на ИД користеле хемиско оружје против Курдите во Ирак


Германски воени набљудувачи во курдскиот регион во северен Ирак, велат дека борците од групата на Исламската држава користеле гранати со гасот хлорин, во нападите против курдските сили. Германските разузнавачки едеиници во курдскиот регион во градот Ирбил, за германскиот весник Билд изјавиле дека вчерашниот напад се случил кај местото Махмур, околу 60 километри југозападно од Ирбил. Германските сили добиле информации за нападите на средба со племенски старешини. Околу 60 курдски борци на Пашмерга кои биле повредени во нападот страдале од респираторни проблеми. Билд пишува дека воениот извештај бил пратен до високи функционери во Берлин од страна на германските трупи, кои ги тренираат борците на Пашмерга и Јазиди и ги снабдуваат со оружје за да се борат протв борците на групата на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG