Достапни линкови

СДСМ - Власта само ветува, а ништо не прави за Охрид


Премиерот Никола Груевски во посета на oхридскиот регион.

Премиерот Никола Груевски во посета на oхридскиот регион.

Од СДСМ - Охрид обвинуваат дека власта не реализирала ниту еден значаен проект во Охрид од ветените. Од Општината пак возвраќаат дека градоначалникот направил многу повеќе од тоа што ветил.

Огранокот на СДСМ од Охрид обвинува дека актуелната владејачка гарнитура до сега не ги реализирала предвидените и најавени проекти за Охрид. Портпаролот на охридските социјалдемократи Александар Кузески вели власта на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид за цели 28 месеци не успеала да реализира ниту еден значаен проект во Охрид.

Сите таканаречени приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните, и по 2 ипол години не се реализирани.

„Сите таканаречени приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните, и по 2 ипол години не се реализирани. Тоа јасно ја покажува неспособноста и неподготвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид којашто не може да ги исполни барањата и не може да одговори на потребите на охриѓани. Изградбата на пазарот, автобуската станица и покриениот базен се уште се само во некаква почетна фаза која никако да започне. Градското пристаниште, катните гаражи, марината и зимскиот центар на Галичица веќе целосно се заборавени. За ветените луксузни хотели на охридското крајбрежје најверојатно ВМРО-ДПМНЕ се уште го чека нивниот близок пријател Субрата Рој кој има сериозни проблеми со индиските судови и затвори, рече Кузески.

Александар Кузески, портпарол на СДСМ - Охрид.

Александар Кузески, портпарол на СДСМ - Охрид.

Кузески обвини дека актуелната власт една фонтана ја гради повеќе од 8 месеци и никако да ја заврши.

Граѓаните знаат дека во изминативе 28 месеци, новата локална власт на чело со градоначалникот Никола Бакрачески не само што ги реализира проектите кои беа дел од неговата изборна програма, туку направи и многу повеќе.

„На граѓаните уште минатата година им беше ветено дека фонтаната на плоштадот свечено ќе биде пуштен во употреба за Водици, а оттогаш поминаа 7 месеци. Единствено, градските власти заборавија да им кажат на граѓаните за кои Водици планираат да ја пуштат фонтаната годинава или догодина. Кој знае за колку сложен архитектонски и градежен зафат се работи, кога за една пригодна чешма им треба толку време“, рече Кузески.

Од Општина Охрид велат дека СДСМ продолжува да манипулира со охридската јавност.

„Граѓаните знаат дека во изминативе 28 месеци, новата локална власт на чело со градоначалникот Никола Бакрачески не само што ги реализира проектите кои беа дел од неговата изборна програма, туку направи и многу повеќе. Целосно реализирани се 129, а во тек на завршување се 58 или вкупно 187 проекти, кои се резултат на секојдневните ангажмани и посветена работа на локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески“, велат од Општината.

Од таму велат дека проектите се почнати и дека согласно со динамиката и во рамките на законите ќе биле завршени.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG