Достапни линкови

Трет пад на вредноста на кинескиот јуан


Кина трет ден по ред ја намалува вредноста на нејзината валута, јуанот. Станува збор за намалување од еден процент во споредба со американскиот долар. Вчера намалувањето изнесуваше 1,9, а завчера 1,6 проценти. Ваквите потези предизвикаа загриженост дека тие би можело да значат вовед во нова глобална валутна војна, со оглед на тоа што другите земји би биле принудени на сличен чекор, односно девалвирање на нивните валути за да можат да бидат конкурентни на светските пазари. Намалувањето на вредноста на јуанот ја стави под сомневање и состојбата во која се наоѓа втората најголема економија во светот.

XS
SM
MD
LG