Достапни линкови

Талибанците убиле 14 полицајци во Авганистан


Талибански бунтовници облечени во полициски униформи и во полициски автомобил нападнале еден контролен пункт во авганистанската провинција Хелманд при што убиле 14 полицајци. Локалните власти јавија дека полицајците биле неподготвени, бидејќи претходно добиле телефонски повик дека ќе бидат посетени од свои колеги. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, додавајќи дека притоа заробиле неколкумина полицајци.

XS
SM
MD
LG