Достапни линкови

logo-print

Швајцарија ги укинува санкциите за иранската нафта


Швајцарија укинува дел од санкциите против Иран во знак на, како што е соопштено, поддршка на договорот меѓу Техеран и шестте светски сили за иранската нуклеарна програма. Владата на оваа неутрална земја реши, меѓу другото, да ја укине забраната за трансакција на скапоцени метали со ирански државни фирми, како и задолженото пријавување на трговијата со нафтени производи. Швајцарската влада наведува дека е заинтересирана за продлабочување на односите со Иран, но оти го задржува правото повторно да воведе санкции доколку пропадне иранскиот нуклеарен договор.

XS
SM
MD
LG