Достапни линкови

Скопје во безмилосен арч на водата за пиење


Водата од хидрантите се троши безмислосно и без контрола. „Паркови и зеленило“ немаат чувари. За полевање на зелените површини се користи вода од Рашче, а не техничка вода. Од „Паркови и зеленило“ појаснуваат дека ископани бунари со техничка вода има само во населбата Аеродром и во Градскиот парк.

Со годинашната летна жега се повторува сликата на која граѓаните речиси се навикнаа, обилно залевање на зелените површини пред станбените згради со вода од градскиот водовод. Од „Паркови и зеленило“, претпријатието кое се грижи за зелените површини и кое стопанисува со хидрантите пред зградите, апелираат граѓаните да се воздржат од оваа пракса, но дополнуваат дека немаат мерки како да го спречат тоа.

Ние имаме наша чуварска служба на терен меѓутоа градските површини се премногу големи, така што чуварите не можат секоја индивидуална појава прво да ја забележат, потоа и да ја пријавата.
Елизабета Георгиевска, портпарол на ЈП „Паркови и зеленило“.

Портпаролот на ЈП „Паркови и зеленило“, Елизабета Георгиевска, вели дека нивната чуварска служба нема ниту ингеренции да казнува и апелираат комуналните редари на Град Скопје повеќе да се активираат и да се пријавуваат случаите на приклучување на граѓани на хидрантската мрежа која е во надлежност на „Паркови и зеленило“.

„Ние имаме наша чуварска служба на терен меѓутоа градските површини се премногу големи, така што чуварите не можат секоја индивидуална појава прво да ја забележат, потоа и да ја пријавата“, вели портпаролот на ЈП „Паркови и зеленило“, Елизабета Георгиевска.

Мора свеста на луѓето генерално да се подигне на повисоко ниво. Целосната состојба во земјата треба да се промени, затоа што тоа е ресурс кој не е обновлив и треба да се внимава како се користи, зошто не е бескраен.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните кои редовно ги полеваат зелените површини мора да бидат свесни дека проблемот е и во тоа што за полевање се користи вода од Рашче, а не техничка вода. Од „Паркови и зеленило“ појаснуваат дека ископани бунари со техничка вода има само во населбата Аеродром и во Градскиот парк.

„Во општина Аеродром имаме ископано 17 бунари и се користи за полевање таа вода. Во Градскиот парк има 9 бунари и исто така не се користи вода од градскиот водовод. Во останатите делови од градот се користи вода од Рашче“; вели Георгиевска.

Но има и примери кога има реакција и во некои населби, како што е оваа недела во Тафталиџе, на улица веќе цела недела да има три цевки што се пукнати и никој да не дојде и тоа да го санира. Во чија надлежност е ова прашуваат граѓани кои велат дека цената за оваа негрижа ја плаќаат сите граѓани.

„Веќе има цела недела три цевки што се пукнати и буквално ниту има некој дојдено, ниту е санирано. Вода тече, сè е поплавено“, вели еден жител на Тафталиџе.Грижата за цевките кои се на јавна површина се во надлежност на претпријатието „Водовод и канализација“.

Како и да е, нерационалната потрошувачка на вода од градскиот водовод до што доаѓа или поради несоодветно интервенирање на институциите или поради поединци,ја плаќаат сите граѓани. Една скопјанка поарчува дека е потребна поголема свесност дека водата не е бескраен ресурс.

„Мора свеста на луѓето генерално да се подигне на повисоко ниво. Целосната состојба во земјата треба да се промени, затоа што тоа е ресурс кој не е обновлив и треба да се внимава како се користи, зошто не е бескраен.“

Некои сметаат дека можеби поради тоа што не се води сметка од сите аспекти сметките за вода што им пристигнуваат на некои граѓани се случува да бидат превисоки.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG