Достапни линкови

Млади француски новинари ја истражуваат Македонија


Деновиве во земјава престојуваа 12 млади новинари од Франција и Балканот во рамки на меѓународниот патувачки семинар „По стапките на Албер Лондр“.

Проблемите со кои се соочува Македонија, новоизградените споменици во Скопје, односите меѓу македонското и албанското население. Ова се дел од темите за кои пројавија интерес новинарите од меѓународниот патувачки семинар „По стапките на Албер Лондр“. Тој бил еден од француските основачи на истражувачкото новинарство кој за време на Првата светска војна престојувал и пишувал за Македонија.

Написот се однесуваше на статуите и проектот Скопје 2014, бидејќи тоа е нешто ново за нас и ни беше интересно да пишуваме на таа тема.

По неговите чекори деновиве во земјава престојуваа 12 млади новинари од Франција и Балканот и го создадоа своите истражувачки стории. Еве што изјавија дел од новинарите:

„На Втори август имавме можност да го чуеме говорот на премиерот Никола Груевски во Скопје и ние напишавме напис за тоа кои се проблемите со кои Македонија се соочувала претходно и кои се нејзините предизвици денес.“

Албер Лондр како новинар кој се занимавал со истражувачко новинарство, кој дошол на овие наши предели во некои далечни години, напишал една максима во која вели дека новинарот не е хорско дете кое на почетокот на една процесија ги вади само латиците на ружата од својата кошница и ги расфрла лево десно. Тој не треба да ја разубавува стварноста, ниту со своите текстови да ја нагрдува, ниту да ја извитоперува. Новинарот е тој што треба вистински своето новинарско перо да го стави онаму каде што е раната и крвта.

„Написот се однесуваше на статуите и проектот Скопје 2014, бидејќи тоа е нешто ново за нас и ни беше интересно да пишуваме на таа тема.“

„Интересна му беше темата за односите меѓу Македонците и Албанците, па затоа направивме неколку интервјуа со припадници на двете етнички заедници“, велат новинарите.

Мисијата на овој патувачко истражувачки караван е да ги поттикне новинарите да пишуваат во интерес на вистината.

„Албер Лондр како новинар кој се занимавал со истражувачко новинарство, кој дошол на овие наши предели во некои далечни години, напишал една максима во која вели дека новинарот не е хорско дете кое на почетокот на една процесија ги вади само латиците на ружата од својата кошница и ги расфрла лево десно. Тој не треба да ја разубавува стварноста, ниту со своите текстови да ја нагрдува, ниту да ја извитоперува. Новинарот е тој што треба вистински своето новинарско перо да го стави онаму каде што е раната и крвта“, рече француската конзулка Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

Фредерик Прулие од здружението „Албер Лондр“ вели дека новинарите кои ги обучуваат „се занимаваат со теми кои што болат, зашто кога се занимаваме со такви теми дискутираме и решаваме некои глобални прашања кои се од голема важност“.

Написите што во минатото ги објавувал Лондр имаат историско значење и за нашата земја.

„За Македонија е многу битен бидејќи напишал две дела, едното за комитите, а другото за Првата светска војна. Пишувал за неговата средба со сите лидери на ВМРО од тоа време“, изјави Ивана Димитровска од асоцијацијата АЛДА, партнер во проектот.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG