Достапни линкови

Турција годинава протерала над 700 осомничени терористи


Турција во текот на 2015 година фатила и протерала над 700 странски осомничени борци терористи, кои се обиделе илегално да влезат во Сирија од турска територија, изјави денеска во Париз директорот на прес-службата на турскиот премиер, Џемалетин Хашими. Од почетокот на конфликтот во Сирија над 1600 осомничени џихадисти биле фатени од турските власти при обид да навлезат во Сирија, пренесува БТА. Во 2014 година од Турција биле протерани 520 претпоставени џихадисти. “На списокот на странски борци терористи, кои им се познати на турските власти, а на кои им е забрането да влезат во Турција, ги има имињата на 16.000 лица од 108 националности, додаде Хашими. Од почетокот на годината во земјата се приведени над 600 лица поради нивните врски со групата Исламска држава и над сто се затворени поради нивното приклучување кон ИД, додаде тој. Турските власти во неколку градови во јужниот и централниот дел на земјата рано утринава уапсија десетина претпоставени џихадисти од ИД, информира агенцијата Анадолија.

XS
SM
MD
LG