Достапни линкови

Десетици загинати во неколку напади во Сирија


Тешкото гранатирање од страна на бунтовниците и владините воздушни напади денеска убија десетици луѓе во сирискиот главен град, само неколку часа пред да пристигне во земјата министереот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф за да одржи средба со претседателот Башар ал-Асад. При тешките гранатирања, главно од местата што ги контролира Владата во центарот на Дамаск, и при владините воздушни напади на упориштата на бунтовниците загинаа најмалку 36 луѓе и десетици беа повредени. Асад и Зариф се очекува да го дискутираат предлогот во четири точки што Иран сака да го понуди до Обединетите Нации за да се стави крај на војната во Сирија. Иран е еден од силните поддржувачи на Асад и се претставува како клучен играч кој може да ја реши кризата во Сирија, следејќи го договорот за нуклеарната програма.

XS
SM
MD
LG