Достапни линкови

Нови жртви во судирите во Турција


Еден турски војник и двајца членови на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) денеска биле убиени во судири во југоистокот на земјат, соопшти армијата. Според неа милитантите со ракета гаѓале воен пункт во селото Озекли, во близина на градот Дијарбакир. Еден војник загинал, петмина биле повредени и двајца милитанти биле убиени. Инцидентот е последен во напливот на насилства во послебните недели меѓу турските безбедносни сили и ПКК. Борците на ПКК многу повеќе се цел на нападите на Турција отколку милитантите на ИД, откако Анкара во јули против двете групи ја објави „синхронизираната војна против теророт.“

XS
SM
MD
LG