Достапни линкови

Американскиот амбасадор Бејли ја посети Струга


Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска ја посети општина Струга и имаше средба со градоначалникот Зијадин Села. На средбата, како што информира градоначалникот Села, било разговарано за Струга, стружани и проблемите со кои се соочува градот, но и за инвестициите. Амбасадорот Бејли изрази задоволство од, како што рече, неговата прва посета на Струга и изрази задоволство од соработката на властите на централно и локално ниво со интернационалните компании што работат во струшкиот регион. „Во рамките на поосетата на Струга имав чест и можност да разговарам и со неколку американски државјани кои имаат бизнис во Струга“, рече Бејли.

XS
SM
MD
LG