Достапни линкови

Путин на средба со Советот за безбедност за случувањата во Украина


Прес-службата на Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин денеска одржал „оперативен состанок“ со членовите на Советот за безбедност на Русија, за ескалацијата на насилството во источниот дел на Украина. Кремљ информираше дека фокусот на средбата бил ставен на нападите врз проруските сепаратисти, како и врз жителите на источна Украина, имплицирајќи дека тие биле извршени од страна на силите на украинската Влада. Изјавата на Кремљ доаѓа еден ден откако Европската унија ги обвини проруските сепаратисити за зголемување на нивните напади врз областите на украинската Влада во источна Украина, велејќи дека сепаратистите го прекршуваат договорот за прекин на огнот постигнат во февруари во Минск. Вчара, руското Министрство за надворешни работи исто така излезе со коментар дека ситуацијата е влошена во последните денови и го повика Киев да запре со „неодговорното однесување.“

XS
SM
MD
LG