Достапни линкови

ИД тврди дека го погубиле Хрватот Томислав Салопек


Милитантите не Исламската држава денеска потврдија дека му ја отсекле главата на Хрватот кој беше киндапиран во Египет, објавувајќи на Твитер наводна фотографија од неговото тело. Хрватот Томислав Салопек во јули беше киднапиран во западниот дел на Каиро. Минатата недела, неговите киднапери издадоа рок од 48 часа кој заврши на 7 август, заканувајќи се дека ќе го убијат доколку египетските власти не ги ослободат сите муслимански жени од затворите. Автентичноста на фотографиите може веднаш да биде потрврдена. Салопек работел со француската геолошка компанија ЦГГ, кога бил киндапиран од автомобил. Неговото киднапирање ги погоди странците кои работат за меѓународните компании во Египет и го истакнаа дофатот на милитантите на ИД во Египет и покрај масовните воени кампањи.

XS
SM
MD
LG