Достапни линкови

logo-print

Грчкиот Парламент одлучува за финансиската помош


Грчката Влада го поднесе до Парламентот нацрт законот во кој е наведена тригодишната програма за финасиска помош со меѓународните кредитори, барајќи брзо одобрување кое ќе го отвори патот средствата за помош да бидат веднаш исплатени. Денешниот потег доаѓа еден ден откако Атина се согласи со условите на нејзините меѓународни кредитори за програмата за финасиска помош од 85 милијарди евра со цел Грција да се задржи во еврозоната. Премиерот Алекцис Ципрас побара од Парламентот да се забрза одобрувањето на договорот, за комитетите да можат да дискутираат пред гласањето на 13 август. Ципрас сака договорот да биде одобрен од Парламентот пред да се сретне со министрите за финасии од еврозоната на 14 август.

XS
SM
MD
LG