Достапни линкови

logo-print

Невремето во Тетово дополнително го загади воздухот


Излеаната река Пена остави многу кал, што поради топлото време се претвори во прашина која дополнително го загадува и така загадениот воздухот во Тетово.

По невремето во тетовско, жителите на градот дополнително го чувствуваат загадувањето на воздухот поради зголемувањето на прашината што придонесе да се зголеми концентрацијата на суспендираните честички пи-ем 10 кои се штетни по здравјето. Излеаната река Пена остави многу кал, што поради топлото време се претвори во прашина која со движењето на автомобилите се крена во воздухот во зоната за дишење.

Се снаоѓаме, ама тешко нема маски, се снаоѓа кој како може. Прашина има колку сакаш.

Граѓаните во поплавените подрачја, но и оние кои работат на отстранување на наносите се најмногу на удар од дополнителното загадување во воздухот.

„Се снаоѓаме, ама тешко нема маски, се снаоѓа кој како може. Прашина има колку сакаш. Денеска има, пуштиле некоја цистерна прска. Ништо друго, тоа е, изјави работник кој расчитуваше земја кај Порој.

Ваквата ситуацијата е неповолна за здравјето на луѓето и потребна е голема претпазливост, вели доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

Неповолна е состојбата, затоа што споро оди со одржување на хигиената на јавните површини од објективни околности. Ние и онака ние имаме неповолна состојба со пи-ем 10 честички и со озон, а сега имаме и со прашина.

„Неповолна е состојбата, затоа што споро оди со одржување на хигиената на јавните површини од објективни околности. Ние и онака ние имаме неповолна состојба со пи-ем 10 честички и со озон, а сега имаме и со прашина, односно со крупни честички кои дополнително можат од надразнување на дишните патишта, на очите па се до влошување на состојбата кај хроничните болни од респираторни заболувања“, потенцира докторот.

Како што покажуваат и податоците објавени на интернет страницата на Министерството за животна средина, во воздухот кој го дишат тетовци постојано се бележи повеќекратно зголемување на концентрација на штетните материи. Најмногу биле забележани присуство на 11 пати повеќе пи-ем 10 честички односно 550 на метар кубен наместо дозволените 50.

Превенција во овој случај е одржување на високо ниво на хигиена на јавните површини, односно секојдневно перење, чистење и намалување на сообраќајот, вели доктор Давидовски.

Општина Тетово соопшти дека по завршување на расчистувањето на наносите од кал и камења, во градот како и потешко погодените подрачја на Шипковица, Порој, Мала и Голема Речица ќе се врши дезинфекција на просториите и на јавните површини.

„Тенденцијата ни е да вршиме што побрзо расчистување и дезинфекција за да потоа почнеме со санирање на штетите, изјави тетовската градоначалничка Теута Арифи.

Во текот на 2015 година, во Тетово веќе се бележат над 200 денови во кои штетните материи во воздухот се над дозволените граници.

XS
SM
MD
LG