Достапни линкови

Талибанците го осудија бруталното видео на ИД


Авганистанските Талибанци го осудија видеото во кое се гледа како милитантите лојални на групата на Исламската држава со експлозив разнесуваат авганистански затвореници со заврзани раце и очи. На видеото се нагласува ривалството меѓу авганистанските Талибанци и некои милитантни фракции кои се заколнале дека ќе и бидат верни на ИД. Се претпставува дека видеото е направено во источен Авганистан, каде последните месеци има судири меѓу ИД и Талибанците. Затворениците во видеото се опишани како „отпадници“, но Талибанците ги опишуваат како цивили велејќи дека „видеото е ужасно.“ Во соопштението на Талибанците се вели дека „ова кривично дело и други брутални дејствија од страна на неколку неодговорни индивидуалци под маската на исламот, не треба да бидат толерирани.“

XS
SM
MD
LG