Достапни линкови

Во Турција уапсени 12 осомничени членови на ИД


Илустрација.

Илустрација.

Турската полиција утрово спроведе операција против осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава во четири окрузи - Анкара, Истанбул, Хатај и Караккале. Извршени се претреси на различни локации и приведени се вкупно 12 лица. Полицијата трага по уште четири лица. Приведените се испратени на распит во полициското одделение за борба против тероризмот во Анкара. Турските власти вчера соопштија дека привеле 23 странски државјани, меѓу кои жени и деца, кои се обиделе да влезат во Сирија и да им се придружат на борците на ИД. Приведените се државјани на Кина, на Индонезија, на Русија и на Украина.

XS
SM
MD
LG