Достапни линкови

15 години од трагедијата на подморницата Курск


Ветераните на руската морнарица и властите во рускиот регион Курск, денеска се собраа заедно со роднините на 118-те морнари на подморницата Курск, кои во 2000 година загинаа во Баренцовото Море. Комеморациите по повод одбележувањето на 15 годишнината од трагедијата на подморницата Курск, вклучуваа положување на венец на Меморијалот за Втората светска војна, каде многу од морнарите се закопани. Подморницата со балистички проектили, на 12 август 2000 година престана да функционира и потона под површината на Баренцовото Море, на околу 175 километри од Североморск откако се случиле две експлозии. Членовите на екипажот што ги преживеале експлозиите загинаа внатре во трупот на подморницата, откако бил исклучен нејзиниот нуклеарниот реактор. Тогашната влада на претседателот Владимир Путин беше критикувана за нејзинот бавен одговор и првичното одбивање да ги прифати меѓународните понуди за помош за спасување. Сите членови на екипажот беа постхумно наградени со рускиот Орден за храброст, а капетанот беше постхумно награден како Хереој на Руската Федерација.

XS
SM
MD
LG