Достапни линкови

logo-print

Руската рубља падна на најниско ниво од февруари


Руската рубља денеска на московската берза падна во однос на американскиот долар и еврото, достигнувајќи на најниско ниво од февруари. На денешното тргување доларат достигна до 65 рубљи, а еврото до 72 рубљи. Тогаш московската берза објави прекин на тргувањето со акциите што траеше скоро 30 минути, велејќи дека застојот е резултат на технички проблеми. Откако тргувањето продолжи на московската берза, Руската централна банка објави дека на 13 август девизниот курс за еден долар ќе биде 65.0169 рубљи. Тоа значи намалување на вредноста на рубљата за 2.86 проценти. Централната банка исто така објави дека девизниот курс за еврото изнесува 72.2078 рубљи, односно пад на рубљата за 3.63 отсто.

XS
SM
MD
LG