Достапни линкови

Црни сценарија затоа што виновниците се на слобода


Архивска фотографија - Албанско, македонско и српско знаме на антивладините протести во Скопје на 17 мај.

Архивска фотографија - Албанско, македонско и српско знаме на антивладините протести во Скопје на 17 мај.

Тоа што институциите не ги наоѓаат виновниците за тепачките со етнички предзнак дава основ за сомнеж во црни сценарија на владејачките партии кои ги користат етничките односи за прикривање на вистинските проблеми посебно кога се влегува во изборен период, велат аналитичари.

Секогаш кога во некој инцидент ќе бидат инволвирани Македонци и Албанци тој добива предзнак меѓуетнички. А меѓуетничките тензии вешто се менаџираат од политичарите, за да се камуфлира некоја криза, било политики или економска, велат познавачите. Не треба да чудат ваквите инциденти, бидејќи се наближуваат избори, па сега се билдаат поени на етничка основа, додаваат тие.

Мислам дека ваквиот однос на државата на институциите ни дава за право да претпоставуваме дека се работи за некои црни сценарија во кои што се вклучени политичарите на власт, особено на двете владејачки партии се со цел да ги камуфлираат вистинските проблеми кои што се случуваат во државата.

Во земјава стана вообичаено од никаде да почнат тепачки во автобуси, во училишни дворови, во етнички мешани средини, да траат одредено време и потоа да завршат како што почнале.

Изминативе неколку денови првин по фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Скупи, на плоштадот Македонија беа нападнати и истепани тројца момчиња од албанска националност. Медиумите јавија дека сторители се „Комитите“, но од навивачката група преку соопштение негираат дека тие се инволвирани и велат дека фудбалскиот натпревар и тепачката потоа се одвоени настани кои не треба да се поврзуваат. Од навивачката група изразуваат револт од, како што велат, политичката конотација на овие два изолирани инциденти.

Неколку дена подоцна момчиња од македонска националност биле нападнати кај трговскиот Мавровка. Поради местото на инцидентот и овој настан доби меѓуетничка конотација.

Меѓуетничките односи секојпат биле мета на политичарите за во предизборна година да собираат политички поени и тоа е сосема нормално, нè чуди, затоа што, сметам, мое лично мислење е дека во последните години сè повеќе и повеќе не им верува на таквите потхранувања на меѓуетничките инциденти.

Општеството е длабоко поделено по етничка основа и секогаш кога во некој инцидент се инволвирани припадници на двете националности, тие добиваат меѓуетнички предзнак, вели аналитичарот Сефер Тахири.

„Ова е последица на минатото и, за жал, начинот на кој известуваат медиумите, кога секогаш се истакнувала етничката припадност на некој личност која била вмешана во некој криминал, деликт, кривично дело или тепачка.“

Тој додава дека секогаш ваквите инциденти можат да се доведат во политички контекст, посочувајќи дека институциите не ги наоѓаат виновниците за инцидентите.

„Мислам дека ваквиот однос на државата на институциите ни дава за право да претпоставуваме дека се работи за некои црни сценарија во кои што се вклучени политичарите на власт, особено на двете владејачки партии се со цел да ги камуфлираат вистинските проблеми кои што се случуваат во државата.“

Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека е вообичаено во предизборна година да се појавуваат вакви инциденти.

„Меѓуетничките односи секојпат биле мета на политичарите за во предизборна година да собираат политички поени и тоа е сосема нормално, нè чуди, затоа што, сметам, мое лично мислење е дека во последните години сè повеќе и повеќе не им верува на таквите потхранувања на меѓуетничките инциденти“, вели Димовски.

Тој додава дека токму затоа инцидентите се изолирани и строго контролирани.

„Истите завршуваа во моментот кога ќе почнат, како и во изминатите години, така и оваа година. Многу е битно сега да се делува превентивно до изборите да не дојде до некои потешки инциденти осмислени и наместени, така да сметам дека граѓаните нема да наседнат на ваквите провокации.“

Тахири вели дека треба да запре искористувањето на ваквите настани за политички цели, оти ваквите настани не одат во прилог на градењето заедничко општество.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG