Достапни линкови

Уште еден пад на вредноста на кинескиот јуан


Кина денеска уште еднаш ја намали вредноста на нејзината валута што предизвика удар врз глобалните финансиски пазари. По вчерашната и по денешната девалвација, вредноста на кинескиот јуан дома е намалена за 3 ипол проценти, додека на глобалните пазари за околу 4,8 насто. Двете брзи девалвации ја зголемија загриженоста за состојбата во која се наоѓа втората по големина економија во светот. На овие потези се гледа како на начин да се зголеми извозот, правејќи ги кинеските производи поконкурентни. Народна банка на Кина во обид да го минимизира значењето на потезите, ги објасни како еднократни мерки за реформа на системот на девизниот курс.

XS
SM
MD
LG